Внесете ја Вашата e-mail адреса да ги ресетирате Вашите корисничко име и лозинка.

* E-mail адреса

 
 
 
 

Работни обврски на Day Care негувателот

Day Care ви нуди можност да изберете кои од следните работни задачи е потребно да ги извршува негувателот за да се обезбеди најдобра грижа

  1. Дружење (разговор, друштвени игри, читање на глас на дневни весници или книги)
  2. Превоз/придружба на лицето надвор од домот (на забар, на доктор, во супермаркет)
  3. Помош при земање на оброк
  4. Помош во одржување лична хигиена на заби и тело (облекување, бањање, педикир, маникир)
  5. Помош и мониторинг во земање лекови
  6. Медицинска нега
  7. Помош на неподвижно лице (додека е во кревет или во количка)
 
 
 
 
 
 
 
 

Дополнителни работни обврски

По потреба, негувателот може да биде ангажиран и за активности поврзани со одржување на домот како што се: набавка на намирници и готвење, земање пошта, плаќање сметки, чистење, перење и пеглање.

 
 
 
 
 
 
 
 

Полно или скратено работно време

Во зависност од вашите потреби ги договараме и работното време на негувателот и периодот на користење на услугата: кои денови во неделата, колку часа дневно сакате да го ангажирате негувателот, дали ви треба за пократок или подолг период.

 
 
 
 
 
 
 
 

Месечен надомест

Месечниот надомест се утврдува во зависност од направениот избор на работни задачи, работното време и периодот на користење на услугата. Дополнителниот ангажман на негувателот вон работното време се наплаќа на час.

Стапете во контакт со нас и нашиот тим ќе ви ги обезбеди сите информации кои ве интересираат.

Доколку сакате можете да се регистрирате на веб страницата и да пополните електронско барање за користење на услугата.