Внесете ја Вашата e-mail адреса да ги ресетирате Вашите корисничко име и лозинка.

* E-mail адреса

 
 
 
 

Дадилка / Бебиситерка

  1. Најдобра грижа за вашето дете
  2. Најдобар спој на вашите барања со соспособностите на нашата дадилка
  3. Искусни и квалификувани дадилки
  4. Без криминално досие
 
 

Видови на Day Care дадилка / бебиситерка

 
 
 
 
 
 
 
 

Во периодот после породилното боледување (неполна една година на детето) па до три години најприфатливо решение за родителите е ангажирање на дадилка со полно работно време која ќе се грижи за детето во домот на семејството.
Вообичаено, работното време на овој тип дадилка е 5 работни дена, 8 часа во неделата, а во нејзините основни работни обврски се вклучени самостојна грижа за детето од сите аспекти: подготовка на оброци, хранење, бањање, облекување, шетање, играње, средување на детската соба.
Во зависност од потребите на детето и слободното време на дадилката (најчесто кога детето спие), дадилката може да се ангажира и за некои дополнителни активности околу домот, како што се перење, пеглање, готвење за целото семејство или средување на домот.
Исто така, можете да размислите и за дополнителен ангажман околу едукација на детето, на пример некој странски јазик, цртање или музика. Дадилка која зборува некој странски јазик е одличен начин за детето да започне да учи нов јазик. Способноста на децата да абсорбираат повеќе различни јазици додека се мали е вистински феномен и вреди да се инвестира во него.

Дадилки со скратено работно време се идеални за родителите кои работат скратено работно време, бидејќи ангажирањето на дадилката само за времето кога е потребна е далеку поекономично. Тие се исто така одлично решение за родителите кои работат до доцна и имаат потреба некој да ги земе нивните деца од училиште.
Работните обврски на овој вид дадилки зависат од потребите на семејството и од периодот на ангажирање: дали се ангажирани полно работно време (8 часа) два до три работни дена, или само за викенд, или секој работен ден по неколку часа. Па така, може да бидат само за грижа за детето, или во комбинација со некоја дополнителна активност, како на пр. едукација (учење странски јазик, помош околу училишните задачи) или пак активности врзани со одржување на домот (готвење, перење, пеглање...)

Ова е одлична идеја доколку ви треба дополнителна помош околу одржување на домот: готвење, пеглање, перење за сите членови во семејството, чистење на домот. Меѓутоа пред да се одлучите да побарате ваков тип на дадилка размислете колкав период од работното време дадилката ќе биде целосно ангажирана околу грижата за детето, бидејќи грижата за детето ѝ е прв приоритет, а одржувањето на домот доколку има време. Затоа ви препорачуваме ваков тип на дадилки само во услови кога дадилката има доволно слободно време за да може да ги изврши останатите активности, како на пр. во случаи кога детето оди во градинка неколку часа, или пак оди на училиште.

Овој вид на дадилка се ангажира веднаш после раѓањето на бебето и се грижи за него до моментот кога мајката ќе може да ги преземе обврските околу грижата за бебето или пак тие обврски ќе ги преземе дадилката ангажирана со полно или скратено работно време.
Дадилката за помош на мајката со новороденче е присутна во домот околу две недели, 24 часа, што значи дека во текот на ноќта станува за да ѝ го однесе бебето на мајката на доење, го бања, го пресоблекува, го шета, или накратко таа ја врши целата работа кога мајката се чувствува уморна или пак сака да им посвети подеднакво внимание и на другите деца (брат или сестра).
Друга можност во овој период кога новороденчето и мајката ќе дојдат дома е да се ангажира дадилка само за преку ноќ за да ја преземе грижата околу бебето и да ѝ овозможи на мајката да се одмори со неколку часа непречено спиење.

Бебиситерка се ангажира повремено, на неколку часа во било кој период од денот. Работните задачи на бебиситерката зависат од тоа во кој дел од денот е ангажирана и од потребите на родителите.
На пример, може да биде за чување на детето навечер, додека спие, а родителите се излезени, и во тој случај бебиситерката може да биде ангажирана и за некои дополнителни уактивности поврзани со одржување на домот (на пример, пеглање, перење). Доколку е ангажирана во текот на денот, на пример за периодот после училиште додека родителите се вратат од работа, бебиситерката подготвува јадење за детето, и игра со него или може да биде дополнително ангажирана за едукација, (помош околу училишните задачи, странски јазик...). Доколку е потребно може да го однесе детето на некоја дополнителна активност (на пример спорт) организирана од страна на родителите.

Прочитајте повеќе детали за користење на услугите. Стапете во контакт со нас и нашиот тим ќе ви ги обезбеди сите информации кои ве интересираат.