Внесете ја Вашата e-mail адреса да ги ресетирате Вашите корисничко име и лозинка.

* E-mail адреса

 
 
 
 

Селекцијата на кадри

 

Селекцијата на кадри опфаќа:

  1. Преглед и селекција на доставените пријави
  2. Психолошко тестирање
  3. Бихејвиорално интервју
  4. Проверка на стручното знаење
  5. Проверка на вештините потребни за работното место

 

Подетално за методологијата:

По прегледувањетo и селекцијата на доставените пријави во потесен избор влегуваат исклучиво кандидатите кои ги задоволуваат претходно поставените формални услови. Следен чекор во селекцијата е психолошкото тестирање. Психолошкото тестирање можеме да го поделиме во две фази:

  1. Тестирање на интелектуалните способности. Под тоа подразбираме тестови од типот “молив-хартијa” кои се временски ограничени. Резултатите од овие тестирања ни даваат информации за општите или специфичните (вербални, нумерички) интелектуални способности на кандидатите.
  2. Тестирање на личноста. Под тоа подразбираме тестови од типот “молив-хартијa” кои не се временски ограничени. Тестовите кои ги користиме ни даваат информации за карактеристиките на кандидатите кои се битни за успешно извршување на работните задачи (емоционална стабилност, кооперативност, степен на индивидуалност, отвореност за промени, организираност).

При селекцијата на кандидати исклучиво се користат тестови чија примена се докажала како ефикасна при селекцијата на кандидати. Сите тестови кои ги користиме ги задоволуваат психометриските стандарди.

По завршувањето на тестирањето, во зависност од добиените резултати, се формира уште потесен избор на кандидати.

По психолошкото тестирање следи интервју. Во текот на интервјуто се собираат сите релевантни информации во врска со образованието, работното искуство, стекнатите знаења и вештини и мотивација на кандидатот. Исто така, интервјуто претставува и дополнување на психолошките тестови во врска со заклучоците за особините на личност на кандидатот. Во текот на интервјуто ја користиме тнр. бихејвиорална техника, во која на основа на одговорите на прашањата за постапките на кандидатот во минатото се донесуваат заклучоци за развиеноста на неговите компетенции, и се предвидува однесувањето во иднина.

Интервјуто се дополнува со поединечни задачи (тнр. „case-ovi“), врзани за ситуации карактеристични за работното место. Кандидатот е во ситуација во која треба да реши некој проблем кој е составен дел на работата за која конкурирал. На основа на одговорите се проценуваат некои карактеристики на однесувањето релевантни за успешноста во работата. На тој начин може да се проценат особини како што се: усна и писмена комуникација, самодовреба, планирање и организација на работата, правење приоритети и превземање на разици.

Во рамките на интервјуто се врши и проверка на стручното знаење како и проверка на вештините неопходни за бараното работно место. Исто така, практикуваме и писмени проверки на стручното знаење и знаењето на странски јазици, а доколку процесот на селекција тоа го бара, екстерно ангажирање на експерти кои ни помагаат во оваа фаза на селекција.