Внесете ја Вашата e-mail адреса да ги ресетирате Вашите корисничко име и лозинка.

* E-mail адреса

 
 
 
 

Дополнителни информации за услугите

 

Работните задачи на дадилката вклучуваат, но не се ограничени на:

Подготовка на оброци и хранење

Пресоблекување и бањање

Играње, воспитување

Средување на детска соба

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Дополнителни услуги

Покрај основните работни задачи, дадилката можете дополнително да ја ангажирате за:

Едукација (странски јазик, цртање, музика)

Babysitting (повремена грижа за детето вон работното време на дадилката)

Одржување на домот (готвење, перење, пеглање, средување на домот)

Вие избирате кои работни задачи сакате дадилката да ги извршува.

 
 
 
 
 
 
 
 

Полно или скратено работно време

Во зависност од вашите потреби ги договараме и работното време на дадилката и периодот на користење на услугата: кои денови во неделата, колку часа дневно сакате да ја ангажирате дадилката, дали ви треба за пократок период (неколку месеци) или за една или повеќе години.

 
 
 
 
 
 
 
 

Месечен надомест

Месечниот надомест се утврдува во зависност од направениот избор на работни задачи, работното време и периодот на користење на услугата. Дополнителниот ангажман на дадилката вон работното време се наплаќа на час.

 
 
 
 
 
 
 
 

Бебиситерка

Основните обврски на бебиситерката се: хранење на детето, пресоблекување, бањање, играње, заспивање доколку грижата за него е во време кога детето треба да спие. Работните обврски на бебиситерката се одредуваат во зависност од тоа колку време и во кој период од денот се грижи за детето.

Бебиситерката можете да ја ангажирате и за дополнителни активности како што се одржување на домот (пеглање, перење, готвење) и едукација (учење странски јазик, помош околу училишните задачи, уметност: цртање, свирење музички инструмент).

Најкусиот период на ангажирање на Day Care бебиситерката е 2 часа.

Цената на сервисот е на час. При наплатата се пресметува полн час.

Стапете во контакт со нас и нашиот тим ќе ви ги обезбеди сите информации кои ве интересираат.

Пополнете електронско барање за користење на услугата.