Грижа за деца

Дадилка / Бебиситерка

  • Најдобра грижа за вашето дете
  • Најдобар спој на вашите барања со способностите на нашата дадилка
  • Искусни и квалификувани дадилки

Во услови на брз и динамичен живот, дадилките се неопходни за нормално функционирање на семејството. Секој родител се надева дека ќе најде способна и одговорна дадилка која ќе се грижи за неговото дете. Дадилка на која ќе ѝ верува, за да може полесно да оди на работа, без да биде оптоварен со мислата дали е детето добро згрижено!

Но потрагата по вистинската дадилка, може да биде стресен предизвик кој ќе вѝ одземе многу време на интервјуа, проверки што работеле претходно, карактерните особини. И повторно не можете да бидете сигурни во својот избор.

Заштедете време и нерви! Дозволете нѝ да ви помогнеме бидејќи Day Care има голема база на дадилки кои се детално проверени како од аспект на квалификации и искуство за квалитетно извршување на работата, што ви дава сигурност дека дадилката за вашето дете во целост ќе одговара на вашите барања и потреби.

1

Размислете каква дадилка ви е потребна. Во разговор со нашиот тим ќе утврдиме кои се вашите потреби и барања

2

Day Care ќе ви организира интервју со кандидати, избрани по принципот “најдобар спој”. Следува запознавање на вашето дете со избраниот кандидат. Неговата реакција е многу битен одлучувачки фактор, особено кога се двоумите меѓу два кандидата

3

Доколку изберете кандидат за дадилка, ќе склучиме договор за користење на услугата

Стапете во контакт со нас и нашиот тим ќе ви ги обезбеди сите информации кои ве интересираат.