Внесете ја Вашата e-mail адреса да ги ресетирате Вашите корисничко име и лозинка.

* E-mail адреса

 
 
 
 

Активности во домот

Одржувањето на домот нема крај! Со нашата листа на активности во домот можете барем да се осигурате дека нема да заборавите некоја од многуте домашни обврски.

Се надеваме дека ќе ви помогне полесно да ги распределите. Иако со некои ќе мора сами да се справите, голем дел од нив можете да ни ги доверите нам. Day Care ќе превземе дел од товарот...

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Листа на дневни активности

  1. Намести ги креветите
  2. Раскрени сѐ што е расфрлано и врати го на свое место
  3. Избриши го подот
  4. Измиј ги садовите
  5. Фрли го ѓубрето
  6. Подготви доручек, ручек, вечера
  7. Направи листа за набавка
  8. Провери ја поштата
  9. Запиши ги дневните трошоци
  10. Навади ги цвеќињата
  11. Нарани го миленичето
  12. Прошетај го кучето
 
 
 
 
 
 
 
 

Листа на неделни активности

  1. Помини со правосмукалка
  2. Избриши го подот со влажна крпа
  3. Избриши прашина
  4. Смени ја постелината
  5. Проветри ги покривките (ќебињата, јорганите)
  6. Смени ги крпите и пешкирите
  7. Направи неделен план за јадење
  8. Купи намирници од супермаркет
  9. Исчисти го шпоретот
  10. Испери ги алиштата
  11. Исчисти го филтерот на машината за перење
  12. Испеглај ги алиштата
  13. Испери ја колата
 
 
 
 
 
 
 
 

Листа на месечни активности

  1. Исчисти го фрижидерот
  2. Провери дали некои од намирниците се со поминат рок
  3. Среди ги плакарите со гардероба
  4. Извади ги книгите и избриши ги и нив и полиците
  5. Провери дали колата е во ред
  6. Сумирај ги трошоците и приходите
  7. Ако имаш детектор за дим тестирај го еднаш месечно и провери дали треба да му се сменат батериите ако не работи
 
 
 
 
 
 
 
 

На секои три месеци

  1. Провери дали некои од алиштата на децата се веќе мали
  2. Сортирај ги играчките и книгите. Подари ги некому тие со кои веќе не играат
  3. Соба по соба, расчисти ги плакарите од непотребните алишта или предмети
  4. Исчисти го замрзнувачот на храна
  5. Избриши ги прозорите
  6. Исчисти ја машината за перење пуштајќи ја празна со жешка вода. Стави два филџани бел оцет наместо прашак
  7. Провери ги и исчисти ги одводите
  8. Промени ги четките за заби
  9. Исчисти ги аспираторот во кујната и вентилаторот во купатилото
 
 
 
 
 
 
 
 

Еднаш годишно

  1. Направи "пролетно чистење"
  2. Испери ги перниците
  3. Смени ги батериите во уредите
  4. Сервисирај го автомобилот
  5. Оди на систематски преглед
  6. Обнови ги осигурителните полиси
  7. Вакцинирај го миленичето
  8. Исчисти го оџакот
 
 
 
 
 
 
 
 

Два пати годишно

  1. Испери ги завесите
  2. Исчисти ја оставата
  3. Испери ги сите ќеси и футроли за складирање на облека и предмети
  4. Испери ги теписите
  5. Исчисти ги душеците
  6. Провери ја кутијата за прва помош. Смени ги тие со поминат рок
  7. Оди на стоматолог
  8. Направи дезинсекција. Ако имаш милениче исчисти го од паразити
  9. Смени ја гардеробата во плакарите. Складирај ја таа што е несоодветна за сезоната
 

Полесно се памтат работите запишани во листа. Исто така, не е лошо да ги распределите работите во текот на целата година. На пример, не е добра идеја во јануари да ги правите нештата кои бараат големи финансиски трошоци, бидејќи веќе се потрошивте многу за нова година и божиќ. Поместете ги нив за друг месец.

Повеќе