Внесете ја Вашата e-mail адреса да ги ресетирате Вашите корисничко име и лозинка.

* E-mail адреса

 
 
 
 

Зошто Day Care негувател

 

Нашите негуватели создаваат средина во која се почитува достоинството на секоја личност. Тие се:

  1. компетентни, посветени, пријатни личности со единствена цел грижа за вас или вашиот близок
  2. трпеливи, професионални во секоја ситуација и внимателни слушатели
  3. со соодветни квалификации или претходно работно искуство и немаат криминално досие

Имаме голем избор на искусни негуватели со различни способности и нашиот тим е посветен кон избирање на вистинскиот негувател за секој од вас. Процесот на избирање е високо персонализиран, детално ги разгледуваме вашите индивидуални барања и според нив избираме соодветни профили на негуватели кои имаат доволно искуство да се справат со секоја специфична ситуација.
Пред да започне со работа кај одреден клиент секој негувател е во целост запознаен со индивидуалните потреби и преференци на клиентот, вклучувајќи ја и неговата медицинска историја и подготвен е да ги изврши сите задолженија и одговорности.


Нашите негуватели се обврзани на доверливост и не смеат да споделуваат со други лица било каква информација директно врзана за човекот за кој се грижат.

Стапете во контакт со нас и нашиот тим ќе ви ги обезбеди сите информации кои ве интересираат.