Нашата посветеност кон приватноста
Вашата приватност е многу важна за Day Care
За подобро да ја заштитиме вашата приватност ви го нудиме ова известување за нашите онлајн информации и начинот на кој информациите се собираат и користат.
За ова известување да биде лесно достапно овозможивме да има линк на насловната страна кој ке можат сите да го видат и прочитаат.
Информациите кои ги собираме
Ова известување ги опфаќа сите информации собрани од страна на Day Care
На некои страни ке можете да се регистрирате за нашите услуги, да пополнувате различни формулари во однос на нашите услуги, да користите апликации како за вработување така и за барање на соодветен персонал кој ке ви помогне во вашиот дом за најразлични обврски и др.
Видот на личните информации кои ке треба да се остават за овие потреби се:
- име и презиме
- датум на раѓање
- адреса на живеење
- телефонски број
- мејл адреса
- завршено образование
- квалификации и интереси
- корисничко име
Нашата посветеност кон безбедноста на податоците
Користиме административни, физички и технички мерки на претпазливост за да ја заштитите доверливоста, безбедноста и интегритетот на личните информации кои се собрани во нашиот систем.
Иако нема компјутерски систем кој е целосно безбеден, ние веруваме дека мерките превземени од страна на нашиот веб сајт ке ја намали веројатноста за безбедносен проблем на ниво соодветно од типот на податоците кои се вклучени во истиот.
Начинот на кој ги користиме информациите
Ние не ги споделуваме нашите кориснички информации кои не се од јавен карактер со други странки освен кога е неопходно да се заврши нарачаната работа од нашата област и на нашиот сајт.
Ги користиме вашите мејл адреси за да одговориме на вашите прашања и истите не ги споделуваме со трети страни.
Со регистрирање на нашиот веб сајт корисниците се сложуваат да добиваат мејл комуникација од Day Care, освен ако не нагласат дека не го сакаат тоа.
Кандидатите можат да ги објават нивните квалификации или информации во врска со работата на нашиот сајт. Потенцијалните клиенти можат исто така да објават потреба за некаков персонал во зависност од нивната потреба на нашиот сајт. И едните и другите го прифаќаат овој вид на комуникација со користење на нашите услуги и веб сајт.
Ве молиме запамтете дека ако објавите било каква лична информација на нашиот сајт како што се информации во однос на профилот на работата и сл. Истите можат да се гледаат и собираат од други страни, врз кои ние немаме контрола. Ние не сме одговорни за користење на овие информации од трети страни.
Ние може да ве контактираме во однос на подобрување на нашиот веб сајт, да ви дадеме информации во однос на вашата регистрација или за нови услуги кои се достапни.
Нашиот веб сајт може да обезбеди линкови до други веб сајтови кои можеби не ја практикуваат нашата политика за приватност. Ние немаме контрола над овие веб сајтови и затоа треба да ја проверите нивната политика за приватност.
Нашата посветеност кон заштита на децата
Заштитата на приватноста на лицата кои се многу млади е особено важна за нас. Од таа причина, ние не собираме или одржуваме информации на сајтот од оние лица за кои знаеме дека се под 13 години и ниеден дел од нашиот сајт не е дизајниран за да привлече некој кој има под 13 години.
Како можете да пристапите или да ги корегирате вашите информации
Можете да ги исправите евентуалните грешки или да надополните нови информации околу вашето искуство или образовение со логирање во нашиот систем и со селектирање на вашиот профил.
Како да не контактирате
Ако имате било какви прашања или двоумења во однос на оваа политика за приватност ве молиме да ни пратите мејл на info@daycare.com.mk
Вашата согласност со оваа полиса за приватност
Со користење на нашиот веб сајт значи дека се согласувате со нашата политика за приватност.
Ние можеме да извршиме промени на политиката за приватност со понова верзија која ке биде објавена на нашиот веб сајт.