За нас

 
Day Care е решение за сета помош која ви е потребна за грижа на семејството и одржување на домот. Нудиме врвен квалитет во обезбедување на услуги за:
  1. грижа за деца – дадилки и бебиситерки
  2. грижа за возрасни – негуватели
  3. одржување на домот – чистење, перење, пеглање, готвење

Нашата визија е да го издигнеме обезбедувањето на услугите во домот на највисоко професионално ниво.

Зошто да ги користите услугите на Day Care?

  1. Нашиот тим ќе ве сослуша и по потреба ќе ве советува
  2. „Најдобар спој“ – нашиот вработен во целост ќе ги задоволи сите ваши барања и потреби
  3. Голема база на вработени – гарантираме дека сите имаат соодветни квалификации и искуство за работата што ја извршуваат

Нашите начела

Со цел да обезбедиме врвен квалитет на услугите кои ги нудиме, поставивме три основни начела на работење:

  1. Грижа за корисниците

    Квалитетот на услугата ја обезбедува добриот работник

    Правиме детална проверка на квалификациите, работното искуство на секој пријавен кандидат.

    Идеален спој на вашите барања со квалитетите на нашиот вработен

    Day Care ќе ви понуди избор од кандидати, кои најмногу одговараат и во целост ќе ги задоволат вашите барања од аспект на знаење, искуство и лични особини.

    Градење на однос на доверба и сигурност

    Во текот на целиот период на користење на услугите на Day Care, ние сме директно вклучени во контрола на квалитетот на дадената услуга, како и во разрешување на можни несогласувања.

  2. Професионални стандарди

    Стручен тим

    Во тимот на Day Care  се вклучени сите профили на стручни лица  кои се потребни за професионално, квалитетно и навремено обезбедување на услугите.  Од првиот контакт со нас, во текот на целиот процес на пронаоѓање на иделниот спој помеѓу вашите потреби  и нашиот вработен –  давател на услуга, и подоцна во текот на користење на услугата, ние сме тука да ве слушнеме, да ве разбереме,  да ве советуваме, едноставно да се погрижиме сѐ да помине во најдобар ред.

  3. Грижа за нашите вработени

    Пронаоѓање на вистинското работно место.

    Day Care на своите вработeни им организира средба со можен корисник само за оние работни места за кои тие се искусни и соодветно квалификувани. Притоа, во целост го информира својот вработен за барањата и обврските на конкретното работно место пред да го организира првиот контакт помеѓу корисникот и својот вработен.

    Поттик за дополнителен развој

    Day Care ги поддржува своите вработени во нивната амбиција за дополнителен развој, и ги поттикнува да посетат обуки со кои ќе се здобијат со потребните квалификации за поквалитетно извршување на работните обврски.

    Заштита на својот вработен

    Во текот на периодот на давање услуга во конкретен дом Day Care постојано разговара со својот вработен за односот на клиентот према него и работните задачи кои му ги доделува. Директно учествува во разрешување на било какви несогласувања.

Политика за квалитет

Откако се запознавте со нашите начела на работење, доколку сакате да заштедите време и вложен труд, а сепак да бидете сигурни во својот избор, без разлика дали имате потреба од дадилка, негувател или домашен помошник, повелете во Day Care.